Иако во последно време завесите како да изгубија од своето кул значење, тука сме да ве потсетиме на неверојатната убавина и уникатност што тие можат да ја внесат во вашиот дом.

Доколку се двоумите дали да си набавите завеси за во вашиот дом, сега е вистинското време за тоа. Покрај тоа што се неверојатно тренди во последно време, тие ќе ве заштитат од топлите сончеви зраци на кои веќе мораме да се навикнуваме.

Тие се вашиот најдобар сојузник во тоа, а зависно од материјалот од кој се изработени, можат да бидат и совршен почеток на украсување на ентериерот. 

Внимателно одбраните завеси ќе му дадат на вашиот дом топлина и една сосема поинаква декоративна димензија на која никој нема да остане рамнодушен.

Уште поинтересни ќе бидат и оние со принтови, особено доколку станува збор за собата на вашите дечиња.

Најпосакувани во секој дом се завесите – драпери кои покрај тоа што изгледаат најстилски, тие најмногу ќе дојдат до израз поради одличниот материјал и слободниот пад на истиот.

Во галеријата погоре, погледнете неколку фотографи на кои завесите се на совршен начин вметнати во ентериерот и даваат една посебна доза на шик во секоја соба!

Извор: modamo.info

Објавено:
4 јуни 2016
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
1.685 пати