Aпартманот на Ким од „Сексот и градот“ - сензационален и чудесен!

3 април 2017

Во 2003-та година Ким Катрал ака Саманта од мега популарната серија „Сексот и градот“, живеела во мал еднособен стан во источниот дел на Њујорк уреден со мебел кој бил едноставен и практичен.

Во своите 30-ти и 40-ти години Ким ќе живее на оваа локација, практично во куфер, „спакувај се,  распакувај се“. Времето го поминувала на сет и тоа по 18 часа дневно во култната серија. Се наближувал 50-тиот роденден, а таа се уште немала апартман во нејзина сопственост.

„Не е дека јас живеев по разно разни неугледни станчиња, едноставно не ми беше во тоа време приоритет“ - ќе изјави во една прилика Ким. Кога завршила серијата, полека но сигурно и станува приоритет да престојува во сопствен апартман.

Се вљубува во Парк Авенија и тоа во зграда од 1929 година, проектирана од страна на Емери Рот и веднаш се одлучила за тоа место здогледувајќи го огромното огледало на влезниот ходник, како и ѕидните огледала, високите тавани и мермерениот под.

Таа ќе каже дека кога влегла се чувствувала како да е во мини верзија на Версај. Апартманот е со две спални, но во однос на внатрешниот ентериер како да бил „заглавен“ во 70-тите години од минатиот век. Таа ќе го побара нејзиниот пријател, познатиот дизајн на ентериери со богато портфолио на уредување апартмани на Менхетен, Тони Инграо кој ќе и помогне во уредувањето.



На самата средба во кафуле, тој и нацртал скици како го замислува апартманот, креирајќи навидум едноставен дневен престој, давајќи му предност на влезот, подигнувајќи ги повисоки некои тавани кои мислел дека не одговараат на целината.



„Доволно големо за приватни забави, но се уште интимно и комфортно кога ќе остане сама“-се зборовите на Тони. Неговиот пристап е современо класичен, вклучувајќи орнаменти и мебел од разни декади со модерна назнака. Во кујната има скриени елементи, а во спалната колорит.

„Сакав се да биде автентично, но исто така сакав да ја почуствувам предноста на модерниот дизајн“-вели Ким.

Една година му била потребна на тимот на Инграо да ги истера докрај структурните промени, а за тоа време Ким и Тони се занимавале со мебелот.

„Инспирацијата е од стариот добар гламурозен Холивуд. Малку фантазија, со нежни бои, но пред сè елегантноста е приоритет“.


Тие заедно ќе одат во Европа каде ќе ги посетат сите престижни уметнички галерии, продавачи на антиквитети и тоа во Париз, Лондон, Италија, Австрија. Дури Ким ќе посети и аукции во Сотебис и Кристис каде што ќе наддава за одредени антиквитети.


„Пред оваа моја авантура, за модата мислев дека е уметност, а за мебелот функционалност. После ова искуство секое парче мебел го гледам како уметничко дело. Задоволството е огромно со самото тоа што во мојот сопствен стан дадов една историска димензија. Секако за мене!“-вели Катрал.

 

Објавено:
3 април 2017
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
1.053 пати