Веројатно како и ние, така и вие забележавте дека можеби годинава брендовите многу рано започнаа со божиќните кампањи и со таа прекрасна новогодишна еуфорија.

Без разлика на сето тоа, едноставно не може, а да не ве обземе магичната новогодишна атмосфера која секогаш прави да се чувствуваме некако посебно.

Декорациите за Божиќ полека почнаа да ги красат новите кампањи на светски познатите брендови како Zara Home, H&M, но и секогаш фантастичната Ikea.

Тие ја презентираа нивната нова колекција со посебен едиторијал со фантастични фотографии, а оваа година за истата инспирација најдоа во шведскиот фолклор од крајот на 19 – тиот век.

Во колекцијата ќе најдете парчиња од едноставен и природен материјал како волна, кожа, дрво, лен, крзно во одлични нијанси како црна, сива и бела со додаток на црвена и сребрена како најомилени новогодишни бои.

Колекцијата го оживува традиционалниот дизајн и мотивите кои ги украсуваат сите парчиња, почнувајќи од декорација, па сѐ до калапи за колачи и многу парчиња текстил.

Фотографиите се надополнети со класичните божиќни украси како ѕвезди, светилки и големи свеќи кои ќе го осветлат секој агол во вашиот дом.

Во галеријата погледнете ги сите фотографии кои знаеме дека ќе ви го разубават денот!

Објавено:
18 октомври 2016
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
4.459 пати