Четири работи кои не смеете да ги пропуштите во Барселона

23 јули 2018

Речиси секој кој ја посетил Барселона, посакал да се врати барем уште еднаш на ова магично место полно убавини.

Барселона е полна прекрасни работи кои никогаш нема да ви здодеат, колку и пати да ги повторите.

Шетајте низ магичните места и уживајте во нивната фантастична архитектура, посетете некои од најпознатите објекти, јадете од превкусната храна, капете се и одмарајте на неодоливите плажи.

Последниве неколку години таа е дефинитивно хит дестинација, а ниту за нас не е толку недостижна.

Со малку труд, можете да најдете авионски карти и сместување по одлични цени, а доолку досега не сте ја посетиле Барселона, денеска ќе се обидеме да ве натераме да си ја поправите грешката.

Паркот Güell

Ова е еден од најпознатите паркови во светот, полн прекрасни детали во неверојатни бои, а нуди и незаборавен поглед на Барселона. Ако не можете да стигнете пеш, постојат и автобуси кои постојано прават тури до овој парк кој е задолжителен за посета.

Casa Batllo

Ова е една од најпознатите згради во Барселона која најверојатно сте ја виделе низ социјалните мрежи како разгледница од фантастичниот град. Истата е вистински хит поради тоа што е дело на познатиот Гауди чија идеја била да ја раскаже приказната за Св.Ѓорѓија и убиството на змејот за да ја спаси принцезата. Поради таа причина, горниот дел на зградата потсетува на змеј во различни бои.

La Sagrada Familia

Уште едно неверојатно дело на Гауди чиј изградба трае повеќе од 100 години и уште се доградува. Таа е дефинитивно едно од најпознатите и најпосетени дела во светот, неверојатно мистична и полна приказни. Место кое дефинитивно мора да го посетите ако се најдете во Барселона, но подгответе се на чекање ред поради огромната популарност.

Плажите

Барселона дефинитивно ги има едни од најубавите и најдолги песочни плажи во светот. Кога сакате да одморите од прошетката низ градот, тука дефинитивно ќе најдете мир и ќе можете да уживате во прекрасната вода и ветер. На плажите има и голем број клубови, а веќе знаете дека Барселона има супер ниќен живот кој не смеете да го пропуштите.

Извор: Fashion.hr

Објавено:
23 јули 2018
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
1.234 пати