Ако пред вас е некое реновирање или пак можеби се вселувате во нов стан, тогаш дефинитивно кујната е нешто на што треба да му посветите големо внимание.

Иако секогаш зависи од вашите желби и стилот што го негувате, можеби е време да му ставиме крај на белото скандинавско уредување и да се префрлиме на нешто елегантно, а истовремено толку шик и модерно.

Кујната е едно од омилените места во домот каде поминуваме голем дел од времето, па секогаш треба да е добро уредена, да има доволно простор за готвење и секако, да уживате во неа.

Минимализмот е секогаш на прво место кога е уредувањето на кујните во прашање, за да можат работите да бидат поедноставни и добро да се снаоѓате во просторот.

Покрај стандардните бели кујни, во последно време вистински хит се целосно црните кујни со неки детали како рачки, светилки, бела техника во некоја друга нијанса како златна или крем.

Ако се решите за црна кујна, тогаш предност е што можете да си играте со разни материјали при средувањето и да одберете шик мермер, метал, стакло и што уште не.

Во галеријата можете да погледнете како изгледаат црните кујни во просторот и да се инспирирате доколку сте во потрага по идеи.

Инфо и фото: Modamo.info

Објавено:
13 февруари 2019
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
2.431 пати