Црно-бел микросвет во современ ентериер

3 април 2018

Балансот и хармонијата се базични за пријатен ентериер во кој преовладува позитивна атмосфера.

Комбинацијата на црна и бела веројатно е една од најпопуларните, меѓу другото и кога е во прашање уредувањето на ентериери. Притоа исклучително е значајно да се постави рамнотежа меѓу едната и другата, за да се постигне посакуваниот ефект.

Ентериерот што го посочуваме како позитивен пример, освојува со шармантниот микс на модерна естетика и ретро елементи, а крајниот резултат е шик и урбан простор во кој црната и белата синхронизирано се надополнуваат.

Драматичната црна ги нагласува минималистичките делови од ентериерот, а белата ги спојува ѕидовите и внесува свежина и светлост. Двете се поврзани со одлични детали, од индустриски, романтични декорации до такви со скандинавски дизајн.

Она што истовремено е многу значајно е и функционалноста на самиот простор, со што е заокружен како една естетска и практична целина.

Фото: Royal Roulotte

Објавено:
3 април 2018
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
354 пати