Безвременската комбинација на црна и бела е сеприсутна во секој сегмент на естетиката како во ентериерното уредување, така и во модниот дизајн.

Независно од тенденциите, овој спој е секогаш актуелен пред се поради отмениот и елегантен доем што го остава.

Затоа, доколку размислувате за преуредување на вашиот дом, а немате идеја во кој правец би се насочиле, наш предлог е непогрешниот црно-бел спој.

Стилот во кој може да ги имплементирате црната и белата може да варира од минималистички до драматичен, секако во зависност од тоа кои се вашите лични преференции.

Современите архитектонски решенија нудат различни варијанти како идеи, а ние издвоивнме неколку впечатливи ентериери за инспирација.

 Фото извор: Пинтерест

Објавено:
23 август 2018
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
216 пати