Независно од трендовите, црно – белите ентериери се нешто што никогаш не излегува од мода, па затоа во секое време се едни од најпосакуваните.

Тие се вистински класик, а во нив можете да инвестирате одново и одново без да вложувате многу.

Белата секогаш е боја која му дава софистициран изглед на секој простор, додека црната е неверојатен контраст и заедно се неверојатна двојка.

Боите се едни од најголемите класици во палетата, па така истите можете да ги вметнете во секој стил на уредување, едноставно, ѕидовите нека бидат бели, креветот црн, а сите други детали во некоја друга боја што вам ви се допаѓа.

Вистински хит оваа сезона се црните кујни, па така доколку планирате уредување на станот наскоро, направете кујна во оваа боја, додека дневната нека биде во бела нијанса со темни детали.

Нема да погрешите и доколку одберете црни плочки за во бањата доколку просторот е доволно голем, или пак црни елементи за луксузен изглед.

Плочките во претстобјето се исто така многу ефективен детаљ, па ако оваа пролет сакавте да ги промените, оваа комбинација на бои е совршен избор за вас.

Погледнете неколку фотографии од црно – бел ентериер во домот и инспирирајте се уште денес.

Фото: Pinterest

Објавено:
5 април 2019
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
628 пати