Цртање на ѕид - урбана култура во собата

21 јули 2017

Белиот ѕид е идеален полигон за креативност. Тапети? Боја за ѕид? Или едноставно слики и фотографии? Можностите се различни, а еден од најатрактивните начини за декорирање на ѕидовите е сликањето. Без разлика дали тоа ќе го направите сами или ќе повикате уметик, едно е сигурно, мотивот и бојата ги избирате Вие. На крајот, на ѕидот може да имате лик од својот омилен јунак или атрактивна апстракција која ќе привлекува погледи.


Наместо слики

Предноста на сликањето на ѕидови најпрво е препознава кај флексибилната и корисна примена. Всушност, сите ние во домот имаме некој дел од ѕидот кој е празен и му треба нешто што ќе го „подигне", а ниедна слика или украс просто не се вклопува со дизајните во овој дел.

Затоа сликањето е одличен избор за такви случаи, бидејќи е прилагодливо за сите димензии, како и стил за внатрешно уредување. Мотивите се разни, од свеќе, листови, ангели или стилизирани фигуративни дезени како и избор на бојата.

Независно од тоа кој стил го негувате во својот дом, со правилен избор на мотиви насликани на ѕид, се повеќе ќе ја нагласите индивидуалноста на целиот простор и со тоа ќе го направите оригинален и различен. Сепак, слободните површини во станот можат да бидат и подлога на која само ќе го изразиме своето мото, став, мисла или омилена теза.

Повеќе за оваа содржина прочитајте на овој линк.

Објавено:
21 јули 2017
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
250 пати