Декоративно светло за екстериерно уредување

29 мај 2017

Со доаѓањето на летната сезона сите на некој начин преферираме слободното време да го поминуваме надвор, особено во попладневните и вечерните часови.

За што попријатен амбиент во нашето домашно катче, на балкон или во двор каде ќе поминеме добар дел од претстојната сезона, постојат бројни инспиративни идеи што може и сами да ги реализираме.
Еден ефективен начин како тоа да го направиме е со декоративно светло.

Во современата архитектура, декоративното светло се форсира се почесто бидејќи амбиентот што се создава преку играта со светло е беспрекорен, секако доколку знаете како максимално, рационално да го искористите. Тоа се однесува и на ентериерното и на екстериерното уредување.

Акцентот денеска го ставаме на екстериерното уредување со декоративно светло, за што низ фотографиите во продолжение ви предлагаме неколку интересни идеи.

Извор за фотографии: Pinterest

Објавено:
29 мај 2017
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
155 пати