Декорирајте го домот со мозаици од огледала-стикери

21 јули 2016

Еден од најактуелните трендови во уредувањето на ентериерите се мозаиците со огледала-стикери. Овој тип на 3Д стикери не бараат голема инвестиција, а имаат видлив ефект во естетиката на ентериерното уредување.

Првата придобивка е тоа што со нивното имплементирање, му давате свој индивидуален печат на вашиот дом. Друг позитивен момент е тоа што не само што ќе придонесат вашиот дом да изгледа попријатно, туку и визуелно го зголемува просторот. Затоа идеални за помали простории се поголеми огледало-стикери. Со соодветно позиционирање на ваквите стикери, се рефлектира светлината и со тоа се „отвара" просторот преку играта на снопови светлина.

Со добар распоред и со безброј можности за комбинирање, може соодветно да се сместат во која било просторија во домот (влезен хол, дневен престој, спална, детска, бања или кујна).

 

 

Објавено:
21 јули 2016
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
2.706 пати