Детали од вештачко крзно за топол дом

7 декември 2016

Доколку веќе почнавте да го украсувате вашиот дом за новогодишните празници, тогаш сега е вистинско време да додадете и неколку нови елементи за потопла атмосфера.

А што може да го направи домот потопол од украси направени од вештачко крзно, особено килимите или пак некои простирки во домот.

Вештачкото крзно е неверојатно удобно и ефективно, а истото е одличен детаљ што секој ентериер ќе го направи неверојатна зимска приказна.

Доколку сакате да експериментирате со боите, тогаш набавете си детали од обоено вештачко крзно кое ќе донесе поинаква магија во вашиот дом во сите сиви денови.

Може да си набавите перници, покривачи, килими или пак едноставни простирки за во собите кои ќе ги разубават на совршен начин.

Оваа година најбарани се деталите во бела и сива боја, како што впрочем е случај со сите останати моменти кога е ентериерот во прашање.

Сосема нормално, сите нијанси на крем и кафена се секогаш добредојдени во домот, а сето она останато во однос на повпечатливите бои е прашање на вкус и избор на секој индивидуално.

Деталите од вештачко крзно ќе се вклопат во секој дом без разлика на тоа дали тој е винтиџ украсен, малку поелегантен, минималистички или пак некој сосема друг стил.

Погледнете ги фотографиите и инспирирајте се за следното разубавување на вашиот дом.

Објавено:
7 декември 2016
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
681 пати