Детски соби со мала квадратура, но полни фантазија

16 ноември 2019

Некогаш е доволна само голема фантазија за да сместите еден цел детски свет во детска соба со мала квадратура.

Дури и ако се работи за детско катче, како дел од дневниот престој, може да создадете магично место за игра за вашите најмали.

Само консултирајте се со детето во вас, гледајте низ детски очи и идеите ќе се појават.
Во овој случај деталите и играта со бои, се сè!

Инспиративни пораки на ѕидовите, перничиња во различни форми, ефектвно осветлување и задолжителна библиотека со омилените детски сликовници и книги, се доволни за да почнете да го креирате безгрижниот свет за вашето дете.

Тенденција се малите детски шатори, што се покажаа како одлична солуција и форма за развој на детската фантазија, како катче одделено од светот на возрасните, каде може да ги разгледуваат сликовниците или да си играат со омилените играчки.

Функционални и естетски решенија пребарувавме на повеќе релевантни сајтови за ентериерно уредување и наидовме на навистина инспиративни предлози.

 

Објавено:
16 ноември 2019
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
3.401 пати