Џони Деп го продава станот во Лос Анџелес

26 септември 2016

Актерот Џони Деп сака да се збогува со минатото, а со тоа и со луксузниот стан во Лос Анџелес, во кој со Амбер Хард ги делеа последните моменти од брачниот живот.

Како пренесуваат странските медиуми, почетната цена за просторот кој се простира на повеќе од 1.000 метри квадратни изнесува 12.78 милиони долари.

Станот е сместен во позната „Истерн Колумбија“ арт деко зграда во Лос Анџелес, а внатрешноста ќе ги воодушеви сите љубители на еклектичниот стил.

Покрај неверојатната локација и панорамскиот поглед, за речиси 13 милиони долари се добиваат четири делови, од кои секој има две спални соби. Секоја од нив има приватен балкон, а во цената спаѓа и базенот на самиот покрив, како и надворешен камин. 

Објавено:
26 септември 2016
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
848 пати