Ѕидови обоени во темни бои – хит за 2017

29 декември 2016

Темните ѕидови го оплеменуваат просторот и му даваат благороднички дух на ентериерот.

Иако првата помисла кога се во прашање темните бои во ентериерот, е дека го намалуваат просторот, сепак тоа се однесува само во случај кога не се правилно имплементирани. А во спротивно, токму изборот на темен колорит на ѕидовите придонесува за полуксузен изглед.

Причината за тоа што вашиот простор можеби изгледа визуелно помал може да ја побарате и во несоодветната боја на подот или дефицитот на природна светлина.

Затоа, кога сите компоненти се соодветно комбинирани, темните бои на ѕидовите се одличен избор. Се разбира, тоа се однесува на дел од ѕидовите кои би сакале да ги акцентирате.

Инспирирајте се од предлозите во продолжение.

 

Објавено:
29 декември 2016
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
611 пати