Ѕирнете како е во редакцијата на италијанскиот „Вог“

20 април 2018

Во Милано во моментов се одржува Недела на дизајнот. Овој пат, вниманието на јавноста го привлече проектот на италијанскиот „Вог“.

Имено, уредникот на магазинот, Емануеле Фарнети, покани осум уметници кои имаа задача да ги преуредат канцелариите на уредништвото, а притоа секој од уметниците да ги примени карактеристиките и техниките по кои е познат, а изложбата го носи насловот „Живот во Вог“ (Life in Vogue).

Меѓу избраните се најдоа Марио Белини, Феј Тугуд, Патриција Уркиола, а Фарнети истакна дека целта на проектот е да се добие сосема нова приказна за просториите во кои се работи.

„Сакавме работното место да личи на дом, бидејќи за нас тоа и е. Оваа идеја многу години наназад се провлекуваше, но никој не се осмели да оди до крај да ја оствари. Сега тоа е простор со автентичен внатрешен дизајн и инвентивност“, вели уредникот.

Каков е крајниот резултат погледнете во продолжение. Како ви се допаѓа?

 

Објавено:
20 април 2018
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
283 пати
Извор: 
dezeen.com