Ѕирнете во домот на Бредли Купер на Менхетн

12 октомври 2018

Еден од омилените холивудски актери, Бредли Купер, периодов е актуелен со блокбастерот „A star is born" во кој глуми со маестралната Лејди Гага.

Токму поради тоа, неговото име често е присутно во медиумите.

Неодамна The wall street journal, објави фотографии од неговиот стан вреден 13,5 милиони долари, лоциран во срцето на Менхетн.

Уреден е во топол, домашен и пријатен амбиент, што никогаш нема да ве асоцира на метежот и динамиката карактеристични за Менхетн.

Неговиот распоред вклучува 5 спалини соби, раскошна градина, како и подрум за вино.

 

Објавено:
12 октомври 2018
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
573 пати