„Ѕирнете“ во двокатниот стан на Гучи на Менхетен

14 август 2015

Неверојатниот стан во сопственост на модната куќа Гучи на Менхетен важи за еден од најубавите и најлуксузните во таа област.

Сместен на врвот на зградата со име Olympic Tower, овој прекрасен стан има површина од неверојатни 882 квадратни метри, распоредени на два ката од зградата.

Модната куќа Гучи на динамичниот њујоршки пазар на недвижности му даде неверојатна задача – да пронајде нов сопственик на ова уникатно дело!

Имено, во станот што се простира на неверојатни два ката, сместени се две кујни, два лифта, книжара и неколку соби.

Што се однесува до мебелот, станот изобилува со колоритни кревети и принтови од зебра, кои се познати за сестрите Алесандра и Алегра Гучи во чија сопственост е станот.

Според Wall Street Journal, сестрите Гучи го ставиле овој стан на продажба, бидејќи поголемиот дел од времето го минуваат на патувања низ Европа.

Инаку, доколку се прашувавте, цената на овој стан изнесува вртоглави 45 милиони долари.

Објавено:
14 август 2015
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
2.743 пати