Ѕирнете во канцеларијата на една од најпознатите модни блогерки

3 мај 2018

Една од најпознатите модни блогерки, која од неодамна е и мајка, Кјара Ферањи, заедно со својот тим од блогот The Blonde Salad, се смести во својата нова канцеларија во Милано.

Новиот работен простор на влијателната модерна мaма, е интерпретација на двете локации што ја одбележуваат кариерата и професионалниот живот на блогерката, Милано и Лос Анџелес.

Во ентериерот, инаку проект на архитектонското студио Dsignic, синхронизирано се испреплетуваат лежерните вибрации на Лос Анџелес и ултра модерниот дух на Милано.

Благодарение на отворениот и природно осветлен простор, амбиентот е пријатен и опуштен, а мебелот со минималистички дизајн дополнително го оплеменува и ги надополнува позитивните импресии.

 

Објавено:
3 мај 2018
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
696 пати