Ѕирнете во канцеларијата на Карл Лагерфелд

3 мај 2017

Водејќи три интернационални бренда, Шанел, Фенди и Карл Лагерфелд, овој германски дизајнер со своите осумдесет и три години верува дека неговиот став и гледање на светот е сосема нормален. После претставувањето на ентериерот во својот дом во париски стил и приватната библиотека, Карл ја отвори вратата и на својата канцеларија во Париз.

Позади вратата, неговото париско ателје крие простор кој овој моден дизајнер го дели со својата сродна душа и муза, мачката Шупет. Како што вели самиот дизајнер, омилен детаљ во неговиот работен простор е неговата работна маса, која припаѓала на познатиот француски архитеткт Мишел Ру – Шпиц. Удобните фотелји во силно црвена боја му даваат на овој амбиент Арт Деко дух, кој совршено се вклопува со декоративните дрвени детали и каминот.

Повеќе за содржината прочитајте на овој линк.

Објавено:
3 мај 2017
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
302 пати