Единствениот дом на Џеки и Џон Кенеди

17 февруари 2017

Кога станува збор за стил, никој не може да се спореди со Џеки Кенеди и нејзиниот вкус за класичното, убавото и неповторливото.


Ранчот Вирџинија  таа самата го има уредувано, на почеток на 60-тите години од минатиот век, каде единствена цел ѝ било да ја пренесе енергијата на нејзината љубов кон Џон Кенеди и топлината на домот.

Имотот е наречен Вексворд во чест на Ирска, земја од која потекнува семејството Кенеди. Тажно, но Џеки и Џон ќе поминат само две недели на тој ранч и тоа пред атентатот во Далас. Џеки ќе помине еден период на тој ранч каде ќе тагува, но година дена подоцна ќе ја продаде куќата.


Од надворешната порта куќата е дизајнирана на тој начин гостите веднаш да го видат раскошот на целиот имот кој пак има 15 соби вклучувајќи ги и 4те спални соби. Најинтригантниот дел од целата куќа е бункерот кој бил изграден од безбедносни причини, но и за престој на тајната служба .

Иако изобилува со луксуз, едноставноста е онаа за која инсистирала Џеки Кенеди.
„Тоа е единствената куќа која заедно со Џек ја изградивме заедно, а јас ја дизајнирав. Никогаш не сакав да ја експлоатирам јавно внатрешноста на нашата куќа ниту пак нашата приватност“.

Објавено:
17 февруари 2017
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
779 пати
Извор: 
Harper's Bazaar