Ефективен детаљ за секој ентериер

3 јануари 2019

Ако имате во план со почетокот на новата година да внесете промена и во уредувањето на вашиот дом, тогаш имаме интересна препорака за вас.

Се работи за мала инвестиција, која може да има голем ефект во естетиката на ентериерот.

Композиција во која се споени ѕиден часовник со уметнички слики или други декоративни елементи, може визуелно да го трансформира просторот и да му даде посебен шарм.

Дополнителна предност е тоа што варијантите во комбинирањето како и моделите се бројни, па со сигурност ќе најдете таков пример што совршено ќе се синхронизира со амбиентот во вашиот дом.
Кој е вашиот избор?


Фото: Пинтерест

 

Објавено:
3 јануари 2019
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
317 пати