Elena Luka Home им посака „Добредојде дома“ на своите станари

28 ноември 2015

Под мотото „Сега сме едно големо семејство. Добредојдовте дома!", денеска во скопската населба Аеродром свечено беше пуштен во употреба првиот станбен објект на компанијата Elena Luka Home.
Сопственичката и генерален менаџер, Елена Пандева, свечено им ги предаде клучевите на станарите кои од денеска ќе ги уживаат сите бенефиции на квалитетното, урбано, модерно и практично домување во станбениот комплекс „Luxury homes".

„Од срце ви благодарам што ве гледам во толкав број, нормално и поради самиот капацитет на објектот, но искрено денеска имам чувство како да сме едно големо семејство. Драго ми е што со ваша помош и поддршка, како и поддршка на целиот мој тим од Elena Luka Home, но и со поддршка на компанијата Жикол, дојдовме до оваа финална фаза на објектот и неговото официјално предавање денеска. Ви благодарам уште еднаш за честа што ја имавме да не одберете токму нам и да го одберете вашиот дом токму овде. Во иднина ви посакувам многу убави заеднички моменти, убави спомени, крштевки, родендени, свадби, матурски прослави дипломски итн... Нема да зборувам за перформансите на објектот затоа што оставам делата да зборуваат за тоа и ќе ве молам јавете се во канцеларија кај нас и понатаму да комуницираме и за убави нешта и да сме во тек со се што се случува. Ви благодарам уште еднаш што не одбравте нас и што сте овде денес, честа е наша. Добредојдовте дома!", им се обрати Елена Пандева на присутните.

Одличната локација, квалитетната градба, функционалноста, беа наведени само како дел од бенефитите на овој станбен објект на Elena Luka Home, во нашиот разговор со дел од станарите.

„ Ги одбрав Elena Luka Home бидејќи верувавме дека ќе бидеме многу среќни во стан кој што одговара на сите наши потреби. Станбеното прашање на секој човек му прво и основно прашање што треба да се реши, каде и ќе го помине најголемиот дел од својот живот, а мислам дека ние ќе бидеме навистина среќни во овој стан и задоволни од објектот", вели Николина која од денеска веќе почнува нова етапа во нејзиниот живот.

„Одбравме место за живеење во Elena Luka Home затоа што сме задоволни од квалитетот, знаеме како се работи, а навистина овој објект е прекрасно место за живеење. Јас сум вбработена во Жикол, ја познавам работата на Elena Luka Home и навистина сум воодушевена како изгледа оваа зграда. Во однос на предностите, овој станбен објект сепак се наоѓа во близина на центарот, локацијата е супер, близу имаме детска градинка и училиште и навистина е одлично место за живеење", го искажа своето задоволство и Снежана.

Поволната инфраструктура и близината до центарот на градот, а сепак надвор од градскиот метеж, ги посочи како големи предности и Катерина, уште еден од новите станари во објектот.

"Го одбрав станбениот објект на Elena Luka Home затоа што мислам дека е со најдобар квалитет, има доста добра положба и навистина ми се допаѓа да живеам тука. Има доста предности, почнувајќи од близината до центарот на градот, бројни маркети, градинка и училиште, што нам ни е многу важно".

За перформансите на објектот, поразговаравме и со дел од вработените во Elena Luka Home.

„Elena Luka Home како фирма која што се занимава со градежништво, пред се се труди да направи добар изглед, но не само изглед туку и функционалност на просторот во кој што се живее, а од друга страна многу ни е важно самите згради што ги градиме да бидат навистина квалитетни. Оваа зграда се разликува по многу од нашата околина, од многу аспекти, најмногу заради локацијата бидејќи самата природна вентилација на воздухот е одлична, позиционираноста на зградата е одлична, а тоа дава добра светлина во домот, одлично проветрување на просторот, едноставно малку поинаков начин на живеење во еден ваков објект, а сепак фунционален од многу аспекти од секојдневието. Јас верувам дека сите ќе уживаат во нивните домови", вели Горан од секторот за продажба.

Тој додава дека на оваа иста локација и во овој комплекс, Elena Luka Home продолжува со изградба на други објекти за колективно домување.

„Им препорачувам на сите да одберат дом во Elena Luka Home затоа што дефинитивно нема да ги изневериме. Во новите објекти што сега се градат, ќе испорачаме најмалку волку квалитет колку што имаме тука, а од друга страна, повторно таа е таа локација, ќе биде еден заеднички комплекс Аеродром заедно со уште една , трета зграда, и цела целина ќе биде едно убаво место за живеење како еден дел во Аеродром, надвор од целата ситуација во која живее целото население тука, а сепак блиску до Центар, блиску до главните сообраќајници во градот, до булеварот Трета Македонска Бригада кој што веќе ќе биде проширен, до булеварот Јане Сандански, до многу културни објекти, поликлиники, градинки, итн. Тоа се нашите предности, а сакаме тоа да го валоризираме со квалитет на живеење кај секој од сопствениците", додава тој.

Уникатниот дизајн, посветеното внимание на секој детаљ во изградбата на овој објект, се гледа и во финалниот резултат.

„Се надевам дека со овој станбен објект ги надминавме македонските стандарди за квалитет, за тоа што значи квалитетен стан и слободно можам да кажам дека имаме пандан на европските стандарди за станбено домување и навистина на сите клиенти им препорачуваме вистински квалитет на едно повисоко ниво", изјави Душко, архитект од тимот на Elena Luka Home.

Elena Luka Home веќе ја започна изградбата и на новите станбени објекти во рамките на истиот комплекс, со што ќе се заокружи една нова урбана целина која ќе има свој дух, препознатливост и принцип на семејното домување.

 

Објавено:
28 ноември 2015
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
7.801 пати