Elena Luka Home им посака добредојде на станарите од Living Large

10 јуни 2017

Приказните со среќен крај се секогаш убави, но уште поубави се оние што значат и означуваат нови почетоци. На една таква посведочивме и денеска, кога компанијата „Elena Luka Home“ им посака топло добредојде на станарите од вториот објект „Living Large“ во скопската населба Аеродром.

На новите членови на големото ELH семејство им беа свечено врачени клучевите од нивните домови, значаен момент кој предизвикува радост и среќа, момент кога се започнува нова приказна, ново животно поглавје.

Задоволството и среќата не ги криеја ниту станарите, ниту пак генералниот директор на „Elena Luka Home“, Елена Паднева.

-Драго ми е што овие луѓе кои денеска стануваат дел од нашето семејство, ни ја дадоа довербата токму нам. Луѓето рекоа ДА на квалитетот и тоа многу ме радува. Како за нив, така и за мене и за целата компанија, ова е еден од најзначајните моменти во животот што ќе ги паметиме. Момети, кога почнуваме нови пријателства. Посебно ме радува што становите во Living Large се избор на семејства, чии деца, внуци, ќе продолжат да ја раскажуваат оваа заедничка приказна, за едно посебно домување. Како и на претходните соседи, така и на овие нови, ќе им посакам среќно и бериќетно домување, домови исполнети со љубов, топлина, мир и сплотеност, бидејќи домот го означува токму тоа. Добредојдовте дома! – изјави Пандева.

Таа додаде дека со ист ентузијазам и квалитет ќе ги градат и останатите приказни под името „Elena Luka Home“.

-Првата зграда од комплексот „Luxury Home“ беше одличен пример за она што ние го имавме и како замисла и како реализација. Со секој нареден проект се трудиме да бидеме сè подобри, оставајќи високиот квалитет и естетика да бидат константа. Ние остануваме тука до клиентите, го градиме и третиот, воедно и последен станбено-деловен објект од елитниот комплекс ElHome – EcoHomes, со што ќе направиме целина.  Секој сегмент е внимателно изработен и посебен, како и нашите клиенти. А својата мисија за квалитетни, естетски и удобни домови што ќе одговорат на сите потреби ја продолжуваме и понатаму со новите проекти – потенцира директорката.

Успешниот пример од првиот станбен објект, како и одличната локација, квалитетна градба, функционалност, естетика се само дел од причините што влијаеја врз изборот на станарите на „Living Large“.

-Ја дадов довербата на „ Elena Luka Home“, бидејќи сметам дека се најдобри. Посебно ми се допаѓа тоа што внимаваат на квалитетот на градбата, а воедно имаат и елегантен и префинет дизајн, што за мене беше исто така важно – изјави младиот Ристо Михајлов

-Се одлучивме „Elena Luka Home“ бидејќи локацијата е одлична, изградбата е на највисоко ниво, перфектно. Немаше никакво двоумење за нашиот избор да биде стан од оваа компанија – ни изјави Влатко, кој дојде во присуство на своето семејство.

-Ја одбравме „Elena Luka Home“ поради докажаниот квалитет. Исто така, зградата е на прекрасна локација, во близина ги имаме неопходните објекти (училиште, градинка, амбуланта), бидејќи сме семејство со две мали девојчиња и тоа ни беше од исклучителна важност – посочи Ирена Настовска.

Сепак, оваа приказна од ElHome – EcoHomes во населбата Аеродром има уште еден дел, објектот „ElHome Bussiness“, чија изградба е веќе во тек и со чие завршување ова ќе стане дефинитивно комплетна, среќна и успешна приказна.

Објавено:
10 јуни 2017
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
1.964 пати