Elena Luka Home им посака топло добредојде дома на станарите на Business Homes

1 ноември 2018

Етаблираната градежна компанија Elena Luka Home вчера го пушти во употреба современиот станбено-деловен објект Business Homes со што и официјално ja заокружи приказната на урбаниот комплекс EL Homes – Eco Homes во скопската населба Аеродром.

На официјалното отворање на вратите на Business Homes, на станарите им беа доделени клучевите од нивниот нов дом, емотивен момент што означува едно ново поглавје од нивниот живот. Возбудата и позитивните емоции беа заеднички и за станарите, но и за тимот кој неколку години наназад посветено работеше на создавањето на овој комплекс, а задоволството несебично го сподели и генералниот менаџер и главниот визионер на компанијата, г-ѓа Елена Пандева.

-Исто како и претходните, и овој проект е максимално значаен за мене и нашата компанија затоа што е дел комплексот El Homes-Eco Homes на Elena Luka Home и денеска дојде денот да го предадеме објектот на нашите клиенти. Ова е голема чест и задоволство за сите нас како инвеститори и за нашите клиенти кои се дел од нашето семејство. Завршивме еден навистина значаен и голем проект, што беше предизвик за целиот тим на Elena Luka Home. Важно е да се потенцира дека се работи за висококвалитетна градба која што одговара на сите потреби на современото живеење. На сите станари им честитам за новиот дом и им посакувам многу убави моменти и многу радости, ова е од оние посебни моменти во животот кога започнуваат едно ново поглавје.

По заокружувањето на урбаниот комплекс El Homes-Eco Homes, ја прашавме г-ѓа Пандева кои се новите проекти на Elena Luka Home.

-Засега, остануваме во овој регион, иако градиме и на територија на Карпош. Во моментов, Elena Luka Home е стационирана во Аеродром, на една многу убава локација блиску до Центар, а многу тивка, со многу балансирана атмосфера... Набрзо ќе ве информираме за сите новости, ние продолжуваме понатаму со нашата реализација, со нашите изведби, планови, со новите проекти. Тоа ќе биде еден друг тип на објект, што во себе ќе носи една посебна душа и за мене е особена провокација изведбата на тој објект, можеби прв од таков тип во Македонија. Благодарност до мојот тим од Elena Luka Home без кој дефинитивно немаше да можам да ја реализирам мојата визија.

Business Homes е третиот објект од урбаниот комплекс El Homes - Eco Homes, покрај двата станбени објекти Living Large и Luxury Homes, што како целина создаваат една нова, современа и урбана приказна со своја автентичност која му дава современ белег на градот.

„Ова е голем ден за луѓето што се вселуваат и го добиваат својот дом, но и за нас како фирма, бидејќи ние завршуваме еден процес. Го заокружуваме овој комплекс, кој што е маркантен. Добиваме трет објект по ред, кој што е компатибилен на претходните, а динамички малку поразличен. На сите станари што ќе се вселат им посакувам уште многу добри денови да имаат во овој објект, да имаат среќа во семејствата и благосостојба. А на нас како компанија ни посакувам уште вакви објекти, со кои ќе можеме да се гордееме. Големи и заслужени честитки и упатувам на нашиот генерален менаџер и директорка, Елена Пандева, за нејзиниот визионерски пристап во создавањето на едно современо и урбано домување", вели Зоран Димовски, архитект во Elena Luka Home.

Присуството на стручните лица од компанијата, го искористивме за да дознаеме детали за карактеристиките на становите во објектот.

„Тоа се станови енергетски ефикасни, со висококвалитетни материјали, висок степен на финализација на површините, материјалите се така компонирани што не се наметливи и претставуваат одлична подлога за понатамошни дизајн солуции и уредување, индивидуално од секој корисник. Станбениот простор е со пријатна микро клима и двете страни се задоволни", вели Јордан Тасевски, архитект во Elena Luka Home.

Покрај професионалниот начинот на градба, квалитетните материјалите и ефикасноста по која Elena Luka Home е позната, правната сигурност е еден од најбитните елементи при купувањето стан.

„Elena Luka Home со своето искуство докажа дека правната сигурност во компанијата е на највисоко ниво, па клиентите лесно можат да се снајдат во нашите договори. Исто така, нашата правна служба на најдобар можен начин го елаборира севкупниот договор, така што сигурни сме дека клиентите се задоволни и од правната сигурност и од начинот на градба и сè што го чини процесот на купување стан", вели Владимир Ѓоргиевски, правник во компанијата.

За станарите на овој објект, вчерашниот беше посебен ден. Од сега тие почнуваат нова приказна во своите животи, во нов, топол дом. Никој не го криеше задоволството и позитивната возбуда. Ние имавме прилика да поразговараме со неколку од нив и да ги прашаме зошто се одлучиле едно толку значајна животна инвестиција да им ја доверат на Elena Luka Home.

Александар
-Elena Luka Home беа најпристапни за разговор. Уште првиот пат кога се јавив, агентите се понудија да нè земат и со автомобил да нè однесат до зградата за да видиме конкретно за што се работи. Бев презадоволен, од изолација, начинот на работа, соработка со луѓето и пред сè квалитетот на градба. И на сите што се во потрага по нов дом би им препорачал да дојдат во оваа компанија, бидејќи тука гипс картон не се користи, имаат добра градба, а тоа го потврдија и мои пријатели кои имаат стан во претходните згради изградени од Elena Luka Home.

Данче
-Одлуката да купам стан во Elena Luka Home ја донесов пред 10 месеци кога и дефинитивно одлучив да го земеме станот. Морам да кажам дека сум презадоволна, особено од тимот на компанијата, од квалитетот на изградбата и од она што беше ветено и беше остварено на крајот. Имам прекрасни зборови за компанијата, се надевам дека и понатаму ќе работат со вакви успеси. Ние постојано ја следевме градбата додека течеше, презадоволни сме од квалитетот и општо од сè. Им препорачувам на сите да не се колебаат многу дали да земат стан од оваа компанија, со сигурност тврдам дека нема да бидат незадоволни, туку сосема спротивно. Јас веќе имам планови како ќе изгледа нашиот дом, ние сме од малку постара генерација и мислам да го уредам во ретро стил, тоа ми е една голема желба, иако станот не е лично мој, туку на мојот син, но тој во моментов е во Швајцарија.

Славе
-Јас сум еден од тие 113 сопственици на оваа зграда и да бидам искрен, привилегија е да се живее во зграда направена од Elena Luka Home. Барав долго време стан, но сакав исклучиво да биде од оваа компанија. Не сакав да брзам, по секоја цена да купам нешто, а на крај на упорните им успева да го најдат тоа што го бараат. Ја следев и историјата на фирмата, ги гледав и готовите проекти. Имаат одличен менаџерски тим, а користат и квалитетни материјали, имаат одлична изолација, а и сите објекти им се на привлечни локации.

Слободан
-На почетокот си поставивме неколку параметри и гледавме добар дел од нив да бидат запазени, еден повик имав краток со Елена, ги договоривме условите и бевме многу среќни. Имавме пријатели во претходните згради кои беа многу задоволни и ни дадоа многу добри препораки за компанијата, а имавме и пријатели кои работата во компанијата кои ни кажаа во кој правец временски ќе се движи изградбата на зградата и откако утврдивме дека сите параметри ни одговараат, се одлучивме. Не баравме многу, решивме дека ќе биде тука, одбравме и сме задоволни од крајниот резултат. Ми се допаѓа квалитетот на изградбата и распоредот кој го добивме за таа квадратура, бидејќи ретко која градежна компанија става две спални соби. Ни се допаднаа сите елементи, санитаријата, патосот, плочките и сè останато. Сега за сега, кујната е средена, да се донесат уредите и понатаму работите ќе си доаѓаат сами по себе.

Ирина
-Се одлучив за стан во Elena Luka Home пред сè затоа што мои пријатели познаници ми кажаа дека се компанија на која можеш да се потпреш во секој поглед – и во однос на квалитет и во однос на тоа што бараш од станот и да го добиеш во текот на самата изградба. Би им препорачала на сите да купат стан од Elena Luka Home, становите имаат прекрасен поглед, во нив се чувствувате убаво, а тоа може да ви го овозможи Elena Luka Home. Тие се постојано достапни, во постојан контакт сте, прво одите и разгледувате, па разговарате и во однос на тоа кои се вашите желби, заеднички ги остварувате. Мојот стан е на поткровје, има преубав поглед кој многу ми се допаѓа, светлина, прозори...

„Деловно-станбениот објект Business Homes совршено се вклопува во природното окружување на една од најубавите скопски населби при тоа оставајќи впечаток на моќ и елеганција уште на прв поглед благодарение на модерниот дизајн и претходните два објекта: Luxury Homes и Living Large и веќе испробаните и добро познати материјали со врвен квалитет со кој Elena Luka Home работи години наназад. Исклучителната посветеност на нашата компанија како инвеститор се огледува во примената на квалитетната градба во склад со Европските стандарди, но и комфорот на кој нашата компанија обрна посебно внимание, овој пат и со деловен простор од дури на две нивоа кој плени со својата пространост и убавина како и неговото уредување со зелени кровови и површини уште од самата улица", велат од компанијата.

 

Објавено:
1 ноември 2018
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
809 пати