Ентериер: Данска суптилна елеганција

27 јуни 2017

Доколку сакате да дознаете што е смирувачка и минималистичка елеганција тоа можете да го видите во овој стан во Копенхаген кој инаку е дом на Нејтан Вилијамс, основач на магазинот Kinfolk.

Ентериерот на овој комфорен стан доаѓа во вид на опуштен простор декориран и опремен со мебел кој без никаков сомнеж е совршен примерок на едноставната данска елеганција.

Трепезаријата се состои од црн трепезариски комплет и едноставен лустер во форма на топка кој виси над нив. Прекрасниот плафон и целосно белите ѕидови креираат смирувачки простор, додека отсуството на непотребни работи претставува уште една од клучните карактеристики која во сето ова помага.

Повеќе за оваа содржина прочитајте на овој линк.

Објавено:
27 јуни 2017
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
270 пати