Софи Дуруфле е креативен директор на еден од најпознатите брендови во светот Изабел Марант и неверојатна инспирација кога станува збор за уредувањето на домот.

Во нејзиниот прекрасен стан во Париз владее топла, динамична и луксузна атмосфера во која секој би посакал да ги минува деновите.

Благодарение на внимателно одбраните детали и парчиња мебел, нејзиниот стан изгледа како место од бајките во која животот би сакала да го помине секоја девојка.

Она со што оваа девојка дополнително воодушевува е тоа што за уредување на станот таа користела и многу пристапни опции како палети кои ги претвора во кревет и дрвени гајби за разни намени.

Прекрасните и уникатни софи се дефинитивно нешто од што нема да можете да го тргнете погледот, а подеднакво прекрасен е и каминот и сите украси околу него.

Софи создава вистинска магија со украсите кои ги има насекаде низ домот, па дури и закачени по ѕидовите, а притоа ништо од тоа не изгледа натрупано или пак невкусно.

Дополнителна топлина на домот му даваат „откачените“ лустери со кинески мотиви, арт ламбите и пастелните тонови кои ги има насекаде.

Бањата е уредена во минималистички стил, со црно бели тонови, а во целиот простор доминира реставриран мебел што ние едноставно го обожаваме.

Како ви се допаѓа станот на Софи?  

Објавено:
15 декември 2016
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
1.211 пати