Фантастична вила идеална за одмор за хедонисти на Сицилија

20 јуни 2018

Совршена вила на исто толку совршена локација – е увертирата во еден перфектен летен одмор за хедонисти.

Идеалната комбинација е: вилата Casa Vendicari лоцирана на североисточниот дел на Сицилија.
Се работи за фантастична современа градба од 2015 година, дело на архитектот Марко Меренди, во која се имплементирани локални материјали карактеристични за островот.

Со поглед кон бесконечен хоризонт, ова е вила во која ќе се изолирате од бучната реалност, во една посебна, вонземска димензија.

Главниот акцент во ентериерот е на модерните елементи и на предимензионираните прозори преку кои се создава суптилен премин меѓу ентериерот и екстериерот со што се добива амбиент на флуидност во просторот.

Со оглед на тоа дека се работи за куќа наменета за одмор, неизбежен во нејзиниот состав е и огромниот базен, окружен со совршена природа. Што повеќе е потребно за вистински хедонизам?

Објавено:
20 јуни 2018
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
293 пати