Фантастична вила со рустичен шарм во Тоскана

9 август 2017

На само 15 минути возење од Фиренца, во преубавиот регион Тоскана во Италија, е лоцирана вилата „Capponi" која сведочела за различни периоди од италијанската историја.

Била реставрирана и обновувана неколкупати, а нејзиниот актуелен лик има атрактивен, рустичен шарм.
Вилата располага дури со 14 апартмани. Она што првично ќе ви го привлече вниманието е нејзината колоритна фасада, необична и интересна.

Истиот стил продолжува и во ентериерот декориран со столарија во рустичен стил, високи тавани и удобен и префинет мебел.


Погледот од терасите е воодушевувачки, кон бескрајни зелени хоризонти. Градината, внимателно и прецизно одгледувана, како да се претопува кон тоа бесконечно зеленило.

Фото извор: buro247.hr

 

Објавено:
9 август 2017
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
322 пати