Дека прекрасните цветни аранжмани наоѓаат сѐ поголема примена во нашите домови, докажуваат и фотографиите кои секојдневно ги гледаме на социјалните мрежи.

Голем дел од профилите на Инстаграм кои постојано објавуваат разни идеи за уредување на домот, како неизоставен дел ги потенцираат цвеќињата кои го разубавуваат секој дел.

Нералните и бајковити аранжмани се дефинитивно најпосакувани оваа пролетна сезона, а експертите за уредување на домот потенцираат неколку различни идеи.

Ако досега цвеќињата беа неизоставен дел од секој двор или пак балкон, сега тоа е случај со дневната, спалната, кујната, па дури и бањата.

Во идеите кои тие ги предлагаат ќе пронајдете и фантастични аранжмани за тоа како да ја украсите масата кога ќе имате гости, како да ги разубавите едноставните бели ѕидови, какво цвеќе во каква саксија да посадите и уште многу други интересни идеи.

Тие предлагаат и како едноставните украси за на ѕид да ги претворите во нешто раскошно со помош на цвеќиња, а и како да вметнете разни аранжмани во разни прослави.

Во галеријата погоре ќе пронајдете бројни идеи за пролетно разубавување на домот, па побрзајте и реализирајте барем една од нив.

Фото: Pinterest.com

Објавено:
30 мај 2017
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
641 пати
Извор: 
modamo.info