Фасцинантни барови на покрив што мора да ги посетите

1 јули 2016

Има нешто посебно во сите тие барови сместени на покрив...Без разлика дали се работи за некој бар поставен на зграда покрај море или пак за оној во вашето маало, има нешто романтично секогаш кога ќе седнете таму.

Во пресрет на одморите, во продолжение дознајте кои се најубавите 20 барови на покриви низ различни места во светот и не дозволувајте да пропуштите пијачка поблиску до облаците ако посетите некое од следните места.

1. 230 Fifth, New York City

Ова е најголемата градина на покрив во Њујорк за во која треба да заработите малку повеќе за да можете да ја посетите. Таму ќе видите голем дел од бизнис елитата чии припадници обожуваат да го поминуваат времето на ова прекрасно место.

2. Marina Bay Sands, Singapore

Веќе знаеме дека Сингапур плени со прекрасните пејсажи и уште поубавите места за уживање, а токму таму е сместен еден од најубавите барови со базен во кој уживањето е бескрајно.

3. Klunkerkranich, Berlin

Берлин е еден од оние градови кој е сместен на листата на задолжителни места што мора да ги посетите во текот на животот, а таму се наоѓа и овој прекрасен бар каде посетителите уживаат во погледот, живите свирки и урбаните случувања.

4. White Rabbit, Moscow

Иако ова е повеќе ресторан отколку обичен бар, истиот е прогласен за едно од најубавите места каде можете да јадете супер храна и да уживате во глетката. Имено, станува збор за еден од најдобрите ресторани во светот и место каде туристите обожаваат да се кријат од студените руски зими.

5. Four Seasons, Mumbai

Доколку сте љубители на луксузот, тогаш ова е вистинското место за вас. Станува збор за супер минималистичко место од каде можете да го гледате најубавото зајдисонце на светот. Неверојатно мирно и лежерно, ова е дефинитивно едно од најубавите места сместени на покрив на било која зграда во светот.

6. Rooftop Bar, Melbourne

Иако со сосема различен концепт од сите останати, овој бар е всушност кино сместено на покрив од зграда, каде може да уживате во супер филм и пијачка во топлите летни девојче.

7. Rock Bar, Bali

Кога мислите на барови на покрив, најверојатно ги замислувате сместени на покрив од зграда во некој огромен град, но следново место ќе ве разубеди во тоа. Станува збор за прекрасна тераса во Бали од каде може да уживате во најубавиот поглед на светот.

8. Sky Bar Lebua, Bangkok

Можеби веќе го препознавте овој бар од откачениот Hangover 2 каде момците правеа вистински лудории. Ова е еден од најпопуларните барови на покрив во светот и имено еден од најпознатите.

9. Wooloomooloo, Hong Kong

Ова неверојатно место во Хонг Конг покрај тоа што го одзема здивот со фантастичниот поглед, плени и со лежерниот и уникатен ентериер.

10. 40 Kong, Dubai

Веќе знаеме дека Дубаи е едно од најубавите места на планетава, па воопшто не треба да се изненадите што таму е сместен и еден од најубавите барови воопшто. Со модерниот ентериер и позитивните вибрации, овој бар е местото што мора да го посетите ако некогаш се најдете во Дубаи.

11. Le 360, Cannes

Можеби ова е еден од најромантичните барови што се најдоа на листата на најубавите светски места на покриви. Ова дефинитивно е местото на кое ние сакаме да ги поминеме летните вечери.

12. Mama Shelter, Los Angeles

Следново место е пак, најпозитивното на светот! Со навистина уникатно име, овој ресторан ќе овозможи да се чувствувате неверојатно пријатно и да уживате во погледот додека јадете со вашите најблиски.

13.Long Island Summer Lounge, Frankfurt

Ова прекрасно место е сместено над една катна гаража во Франкфурт, а доколку некогаш имате можност да го посетите, ќе уживате во вкусна храна, пријатна вечер со пријателите и луда журка покрај базенот.

14. Radio, London

Во оние денови кога во Лондон грее сонце, тогаш ова е дефинитивно најпосетеното место. Со прекрасен и неодолив поглед на Лондон, Radio е барот што мора да го посетите.

15. Grace Santorini, Santorini

Сите сме слаби кога станува збор за убавините на Санторини... Едноставно, нема зборови што можат да ги опишат романтичните зајдисонца и уживањето во единствениот Санторини.

16. W, Hong Kong

Повторно се враќаме во Хонг Конг каде веќе потврдивме дека ги има најубавите барови во светот. Со ваков поглед и фантастичен базен, тешко дека ќе се одвоите од ова место.

17. Skye Bar, Sao Paulo

Уште еден прекрасен бар сместен на покривот од еден огромен и луксузен хотел. Она што е особено прекрасно е тоа што од ова место, ќе уживате во поглед од 360 степени на прекрасното Сао Паоло.

18. Grand Hotel Central, Barcelona

Сместен во прекрасниот готски дел на Барселона, овој хотел е еден од најубавите места за уживање, а прекрасната храна и базенот придонесуваат за тоа.

19. Ritz-Carlton, Shanghai

Со самото тоа што погледнавте за кој хотел станува збор, воопшто не треба да помислите дека нивниот бар на покривот не е еден од најбавите.

20. Ghostbar, Las Vegas

Сите знаат дека Лас Вегас има најдобар ноќен живот, па воопшто не е чудно тоа што токму во овој бар се случуваат едни од најдобрите забави во светот. 

Објавено:
1 јули 2016
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
4.447 пати