Флорални тапети со потписот на Оскар де ла Рента

17 мај 2017

Богатата вегетацијата во пролет е нoсечкиот мотив во дизајнот на новата колекција тапети од брендот Оскар де ла Рента.

Токму затоа, дизајнот е фокусиран на флоралните мотиви кои ќе внесат пролетна свежина во просторот во кој секојдневно функционирате.

Креативната директорка, Каролина Ирвинг едноставно ја објаснува оваа цветна линија:
-Во развојот на колекцијата се вративме на суштината, односно љубовта на Оскар кон текстилот, а инспирацијата ја извлековме од националната култура во Индија и Доминиканската Република.

Со оглед на доминацијата на ваквиот тип на тапети, доволно е да ги поставите само на еден ѕид во домот, на пример во вашата дневна соба, со што ќе го постигнете комплетниот ефект.

 

Објавено:
17 мај 2017
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
108 пати