Гаража претворена во модерен и функционален дом

3 август 2017

„The Garage House" е простран, функционален, светол и естетски хармоничен дом на млад пар во Лисабон. Она што е интересно е тоа што овој простор претходно бил обична гаража.

Но, благодарение на успешниот проект на „Fala Atelier", гаражата е трансформирана до непрепознатливост. Клучен момент е што во овој ентериер користени се само светли бои со цел да се отвори просторот кој визуелно треба да долови ширина. Исто така уште еден значаен сегмент е отворениот план на ентериерот, со истата функција – да обезбеди чувство на пространост.

Сите ѕидови во просторот се бели, подот е едноличен во сите простории – монохроматски, сив, а кујната пак целосно е изработена од мермер.

Одличен концепт со кој безличната гаража добива идентитет на вистински дом.

Фото извор: Elledecor.it

 

Објавено:
3 август 2017
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
399 пати