Модната куќа Gucci влегува во светот на декорот на домот од септември оваа година...

На својот Инстаграм профил, тие веќе открија дека ќе лансираат своја линија, која дефинитивно ќе ги воодушеви сите љубители на овој бренд, бидејќи е полна со смели и екстравагантни дезени. Колекцијата ќе содржи мебел и декоративни парчиња кои ги креирал креативниот директор на овој бренд, Алесандро Микеле, кој моментално со својот огромен талент ќе се „транспортира" во светот на декорациите за домот.

preview-landscape-gucci

Веднаш мора да ви кажеме дека оваа линија не е за оние кои сакаат минимализам – богата е со интересни графики, везови, украси и други детали. Парчето кое најмногу се издвојува е Chiavari столчето направено од црвено лакирано дрво. Тапацирот на ова столче е украсено со вез во форма на мачка и цветни дезени, кои се присутни на уште две столчиња во зелена и пастелно сина боја.

gucci_decor

Повеќе за оваа содржина прочитајте на овој линк.

Објавено:
17 јули 2017
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
81 пати