Една од најважните работи кога е уредувањето на домот во прашање е осветлувањето на кое секогаш треба да му се посвети големо внимание.

Доколку сте од оние што сакаат едноставни, а впечатливи украси, тогаш сигурно досега сте го виделе овој шармантен хартиен лустер, а можеби веќе имате еден и дома.

Овој ефектен лустер на прекрасен начин ќе го оплемени просторот и ќе направи секоја соба да изгледа шармантно.

Можете да го ставите во било која соба, а ги има во сите бои па без проблем можете да го комбинирате во вашиот ентериер.

Особено се прекрасни оние во интензивни бои со разни украси што се совршени за во собата на вашето дете.

Во галеријата погледнете неколку примери како семејствата ги комбинираат овие лустери во нивните домови и инспирирајте се уште денеска.

Инфо и фото: Modamo.info

Објавено:
11 февруари 2019
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
194 пати