H&M за оваа есен предлагаат бордо и зелена нијанса во домот

1 октомври 2018

Веќе неколку пати пишувавме дека есента е совршено време за промени во домот, па додека сè уште температурите нѝ го дозволуваат тоа, со неколку детали променете го просторот во кој живеете.

Ако ви требаше малку инспирација за тоа што можете да направите, а целосно да го смените изгледот на вашиот дом, погледнете ја новата колекција на секогаш креативните H&M кои создадоа одлични парчиња.

Деновиве тие го објавија нивниот нов едиторијал во кој ќе најдете фантастични парчиња кои се навидум едноставни, но имаат и некоја луксузна нота.

Парчињата се во претежно зелена и темно црвена боја кои се одлични за есенски промени, но има и парчиња во светла сива и златна кои се некако must have секоја сезона.

Овие две бои во комбинација со тренди бордо и зелена, изгледаат навистина одлично иако можеби никогаш не ги замислувавте заедно.

Секако, кога на сите овие прекрасни парчиња ќе им додадете по некоја билка и ситни детали, ќе го добиете совршениот есенски дом во кој ќе уживате секој ден.

Извор и фото: Fashion.hr

Објавено:
1 октомври 2018
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
410 пати