Ходникот е првиот впечаток за вашиот дом – посветете се на неговиот дизајн

15 мај 2017

Иако кога го уредуваме ентериерот на нашиот дом, влезниот ходник најчесто го оставаме во последен план, во суштина неговата функција и тоа како е значајна.

Пред сѐ ходникот е првата слика за вашиот дом и токму затоа треба да остави пријатен впечаток. Истовремено, ова треба да биде катче каде ќе може веднаш по враќањето дома да се раскомотите што подразбира дека треба да оставите простор за закачалки, шкафче за кондури, ситници...

Иако некои ја имаат привилегијата наречена голем и простран ходник, што лесно може да го уредат со голем плакар, огледало и место за седење, најчесто овој простор од домот е со мала квадратура и токму затоа треба добро и рационално да се осмисли како ќе се уреди, при што истовремено треба да одговори на својата функција, а да изгледа естетки.

Современото ентериерно уредување нуди бројни солуции како максимално да го искористите малиот простор, па во име на ова се дизајнира специјален мебел што не одзема многу простор, а игра голема улога во складирање на сите предмети што треба да останат „невидливи".

Тука пред се мислиме на шкафчињата за кондури што директно се прикачуваат на ѕид или закачалките што може да ги поставите во различни варијанти, исто така директно на ѕид. Огледалото придонесува за визуелно зголемување на просторот, а не одзема место, па затоа може да го сметате за приоритет за овој простор од домот.

Во продолжение погледнете неколку инспиративни варијанти како да го уредите ходникот во вашиот дом.

Објавено:
15 мај 2017
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
634 пати