Идеален божиќен амбиент во скандинавски дом

27 декември 2017

Скандинавската естетика во било кој поглед, е препознатлива по минимализмот.

Минималистичкиот израз е нивна карактеристика и кога е во прашање божиќното уредување на домот. Иако црвената боја е можеби првата асоцијација за Божиќ, сепак скандинавците во декорот акцентот го ставаат на монохроматските, сиви нијанси, надополнети со топлината на дрвото и со свежината на зелената боја.

Во таков дух е и празничниот амбиент во еден семеен дом во Шведска, сместен во стара градска куќа чиј ентериер со текот на годините го менувал својот лик, но ја задржал експресијата на топла, домашна оаза.
Она што му дава посебен израз на овој ентериер, е суптилниот спој на архаичен мебел со современиот дизајн на остатокот од парчињата и декоративните елементи.

Фото извор: Инстаграм, Пинтерест

 

Објавено:
27 декември 2017
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
348 пати