Идеи како да ги разубавите ѕидовите

29 август 2016

После некое време сите се заситуваме од истата глетка во домот или работната просторија. Без разлика за кое место и да се работи, освен на деталите, што се најлесен начин за промена во просторот, можете да поработите и на разубавување на ѕидовите.

Не мора да биде голема површина, може да се работи за едно ќоше или дел од ѕид, но со сигурност ќе внесе нова енергија во просторот.

Дали ќе се одлучите за мурал, тапети, нови бои, изборот е ваш. Ние во продолжение ви даваме неколку предлози што веруваме ќе ве инспирираат:

 

 

За ходникот на една куќа на фарма од 17-ти век, што се наоѓа на границата на Тоскана и Умбрија, дизајнерот Ерик Еган ја најми декоративната сликарка од Фиренца, Франческа Гучардини да наслика оригинален мурал со птици и ботанички мотиви. Останатите предмети, како лустерот на пример, се рачна изработка, а подот е со тексутра.

 

Во оваа мароканска викендица, ѕидот е обвиткан со малтер во впечатлива црвена боја, на кој е закачена препрарирана антилопа. Веднаш под неа е каминот кој е покриен со таделакт, традиционална марокански техника.  

 

Дизајнерот Том Филиција, својата викендичка ја разубави со ѕидови од grasscloth (уникатен материјал од влакна создадени од природна трева. Откако ќе порасне, се суши, се ниже, а потоа се проткајува и се добива материјал за покривање ѕидови со интересна текстура, а посебно е популарен бидејќи е еколошки). Во комбинација со останатите елементи што ги гледате на фотографијата – креветот, ламбите, килимот итн, се добива една модерна соба, исполнета со различни текстури, што ја прават уште поуникатна.

 

Дрвените даски што го сочинуваат ѕидот во студиото на Марта Винејард на Менхетен внесуваат автентичен, топол и рустичен амбиент.

 

 Во овој стан на Менхетен, ѕидовите во трпезаријата се покриени со тапети што во себе содржат волна.

 

Ѕидот можете да го „освежите“ и со црно-бел колаж како што е оваа канцеларија на Менхетен. Колажот е направен од Роберт Грин, а вие можете да одберете ваш колаж што ќе ви го разубави погледот во ѕидот.

 

Оваа спална на еден апартман има ѕид што дизајнерот Роберт Кутуриер го покри со ѕидни панели создадени од течни метали. Она што е уште поинтересно е што на нив е претставен хоризонтот на градот.

 

Ходникот на едно студио во Париз е разубавено во татети до риги, изглед инспириран од легендарната француска декораторка, Маделајн Кастаинг. Она што го прави изгледот уште поефектен е што и фотелјите се со истиот принт.

Објавено:
29 август 2016
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
1.214 пати
Извор: 
Elle