Идеи за уредување на „женски“ стан

5 септември 2017

Овој текст го посветуваме на дамите што уживаат во внатрешно уредување. Доколку сте од оние што живеат сами и барате начин како да го уредите или преуредите просторот за живеење, веруваме дека предлозите што ќе ги видите во продолжение ќе ве инспирираат.

Дури и да сте од оние што го делите домот со родителите, можеби сакате да го освежите вашето катче, или катчето на вашите ќерки.

Без разлика во која категорија спаѓате, ние ќе ви посочиме на неколку работи, што секако ќе бидат добредојдени.

-тајната е во деталите. Без разлика со колкав простор се соочувате, можете чуда да создадете со деталите. Тоа можат да бидат книги кои ќе ви поскужат како ногарки за некоја фотелја или врз кои ќе ставите цвеќе. Може да биде табуретка во необична форма или боја, може да се столче со интересно перниче или винтиџ предмети што ќе послужат како украси за дома. Креативноста нема граници, но сигурно е дека и со малку можете да го постигнете саканиот ефект.

-ако немате доволно простор – создадете го. Тоа се прави така што ќе се збогувате со непотребни ситници, а на нивно место ќе ставите минималистички мебел/предмет/декорација и со тоа ќе го издвоите тој дел од просторот. Во мали простори посебно ефектни се ќошињата, покрај тоа што е потребно да го сведете бројот на предмети и украси на неопходно, да ги скратите килимите и завесите. Ослободете ги аглите со натрупување на работите што немате каде да ги ставите и поставете убаво саксиско цвеќе, некоја слика што ви буди задоволство, интересна ламба и слично.

-бои – „женските“ станови се разликуваат од „машките“ освен по деталите и по употребата на бои. Интензивните ќе внесат посебна живост во просторот, а пастелните се за оние што сакаат да внесат нежност во домот. Како да имплементирате боја во домот? На многу начини – интересен килим, перници, постелнина, мебел во боја, ѕидови - сè имате на располагање, работата е само да се одлучите колку ќе дозирате и каков стил преферирате.

Инспирирајте се од фотографиите во продолжение:

Објавено:
5 септември 2017
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
991 пати
Извор: 
elle decor