Икеа има урбана колекција инспирирана од уличниот стил

21 мај 2018

Гигантската компанија Икеа, модниот дизајнер Chris Stamp и дизајнерката Maja Ganszyniec, ги здружија креативните сили и создадоа несекојдневна, исклучително урбана колекција за домот, инспирирана од уличниот стил.

Лимитираната капсулна колекција беше промовирана во Лос Анџелес, во „show room" кој беше уреден со голем дел од декоративните елементи застапени во колекцијата.

Она што е препознатлив белег на оваа линија е минималистичкиот дизајн и монохорматскките тонови, па црната и сивата се доминантни.

„Дизајнот на облека и дизајнот на мебел се различни, но креативниот процес во нивното создавње е сличен. Независно кој е медиумот, дизајнот секогаш се однесува на тоа да се најде најсоодветната солуција за предизвик', вели дизајнерот.

 

Инаку во колекцијата може да најдете штосни освелтувачки елементи, плакари, бироа, удобни фотелји, кутии за складирање, украсни перници совршени за домот се секој што го преферира слободниот дух на уличниот стил.

Објавено:
21 мај 2018
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
736 пати