„Икеа“ ги најави новите трендови

14 август 2018

Обожавателите на „Икеа“ со нетрпение го очекуваат новиот каталог кој ќе ги претстави трендовите за сезона 2018/19 година.

Најавата веќе пристигна, а за десетина дена официјално ќе ги има и производите во продавниците, велат од брендот.

Новиот каталог е во знакот на различноста во контекст на тоа дека овде ќе ги најдете производи за сечиј вкус и возраст.

Кога се боите во прашање, палетата се движи од топла нијанса на буково дрво, преку капучино, корално црвени нијанси до темни смарагдно зелени нијанси.

Новиот каталог носи предлози за тоа како да ја уредите секоја соба од станот, а посебен акцент е ставен на деталите кои доаѓаат во споменатите нијанси.

Кои се новитетите, погледнете во продолжение:

Објавено:
14 август 2018
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
985 пати
Тагови: 
Икеа каталог