Икеа го промовираше новиот каталог за празничната колекција

6 септември 2018

Иако е сè уште рано, Икеа веќе го промовираше каталогот со производите од колекцијата наменета за Бoжиќ и новогодишните празници, со што веќе ни навестија каков ќе биде дизајнот на новогодишната магија.

А според Икеа – ќе биде бајковита!

Новата колекција на најпознатата шведска етикета за уредување на домот, ни најавува празничен амбиент што со себе носи раскош и луксуз.

Акцентот е ставен на кадифето, златните детали и загасити тонови на зелена, темно црвена и темно сина боја.

Ако сте љубопитни, ѕирнете во галеријата како ќе изгледа оваа Нова Година со Икеа.

 

Објавено:
6 септември 2018
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
302 пати