Инстаграм трендови за уредување на ентериерот

3 ноември 2017

Ако ги погледнете последните трендови во дизајнот на ентериери, што особено ги популаризира Инстаграм на профилите специјализирани за уредување на ентериер, сигурно ќе забележите дека оваа зима сивата боја добива навистина забавен карактер од овој аспект.

Можеби првата асоцијација за сива боја имплементирана во ентериер е студен или монотон израз, но ве уверуваме дека со правилна употреба и комбинација, сивата може да изгледа навистина отмено и шик.

Го отворивме профилот на Interior Design Ideas, што има повеќе од милион и двесте илјади следбеници, и според приложените фотографии, само си потврдивме за забавната страна на нијансите на сиво.

Најчесто се комбинира со тонови на темно сина и зелена, а деталите во бакарни нијанси и прилегаат совршено.

Објавено:
3 ноември 2017
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
1.889 пати