Љубителите на внатрешниот ентериер веројанто ќе ги израдува веста дека Икеа го најави новиот каталог за 2018 година.

Иако, официјално во печатено издание ќе биде достапен од 2 август, а дигиталното од 7-ми август, сепак во медиумите се појавија првите фотографии.

Од она што се гледа, Икеа предлагаат оваа есен да ја дочекаме со многу боја. Она што најмногу изненадува за скандинавскиот бренд, препознатлив по својата минималистичка естетика и функционалност, е присуството на текстури и принтови.

Тропските листови и пердуви кои оваа сезона беа застапени максимално во модната индустрија, сега ги гледаме и на парчињата мебел, односно предмети за декорација, додека спроти нив е дозата луксуз, претставен преку парчињата во златни нијанси. 

Цветниот принт исто така е застапен, а кога се боите во прашање, од темносина, до изразено розова, Икеа си игра одлично со палетата.

Инаку, новиот каталог го носи називот „Make room for life“, па сигурни сме дека сите што се пронаоѓаат во оваа естетика, ќе се пронајдат и во мотото кое ги обединува новитетите. 

Погледнете дел од каталогот:

 

фото извор: architecturaldigest.com; people.com; homedecortrends.net; .elledecor.com; 

Објавено:
28 јули 2017
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
6.503 пати