Роберт Дауни е најскапиот актер последниве неколку години. После сите премрежја што ги имаше во животот, откако ја сретна неговата сопатничка која е и филмски продуцент, неговата кариера доживеа невиден успех, а тие се сега веќе среќно семејство со две мали деца Екстон и Аври.

Овој 52-годишен актер во декемвриското издание на Architectural Digest го претставува својот совршен дом кој датира од далечната 1885 година, а се наоѓа во источен Хемптон, Њујорк.


Тој ја купил оваа куќа за 11,9 милиони долари и полека почнал да ја уредува како што тој и Сузан сакале.
„Сигурно е дека не бевме расположени да направиме чудни работи во нашиот дом. Ние само уживавме и се забавувавме кога уредувавме. Не ни беше здодевно ниту еден миг“.


Џо Најхем е условно виновникот кој му предложил на Роберт да ја купи оваа куќа која имала симбол на млин, но никогаш не била мелница. Датира од 1885 година и на пазарот била еден од најатрактивните имоти. Ова место Роберт и Сузан ќе го претворат во дом на соништата. Нејхем кој е архитект,  ќе им помогне во ниванта замисла целиот имот да биде место каде сите ќе уживаат.


„Постојано сме надвор со децата покрај базенот, имаме пријатели со кои постојано се дружиме“ - вели Роберт Дауни.


„Ми беше извонредно искуството што соработував на дизајнот заедно со Нејхам и се работи навистина за голем уметник, голем талент. Уживавме во овој наш експеримент“, додава тој.


Уживајте и вие, навистина имотот наречен Едвард де Роуз Виндмил е нешто кое ќе ви го одземе здивот.

Фотографии AD

 

Објавено:
14 ноември 2017
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
2.797 пати
Извор: 
architecturaldigest.com