Како да го разубавите вашето катче за разубавување?

9 октомври 2017

Секоја жена треба да си дозволи свое катче во домот. Тоа не значи дека ви треба голема квадратура или некоја мегаломанска инвестиција, туку со добра рационална проценка и доза креативност, може да направите сосема пристојно катче за разубавување во само неколку квадратни метри.

Централен елемент може да биде едно големо огледало, а останатите сегменти прилагодете ги на вашите потреби.

За максимално да го искористите просторот, многу е значајно да направите добар распоред на сите предмети што ќе ги користите и прагматично да ги организирате, што значи да ви бидат на дофат, а да не ви го окупираат просторот.

За поинтимна атмосфера, може да искористите амбиентални светла, а фотографии или интересни пораки може да ви бидат интересен декоративен елемент.

 

Објавено:
9 октомври 2017
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
2.058 пати