Како да купите недвижнини во Elena Luka Home?

8 мај 2018

Една од најзначајните, долгорочни инвестиции е инвестирањето во сопствен дом или недвижнини. Токму затоа изборот на сигурен, квалитетен и функционален недвижен имот е од суштинска важност во животот на секој човек.  Градежната компанија Elena Luka Home со веќе докажано реноме, се позиционираше како високопрофесионална компанија која ги гарантира највисоките стандарди  на градежништвото, на секое ниво имплементирани во нејзините градби. Прво прашање кое клиентите го поставуваат е: Како да купиме недвижнини во Elena Luka Home? Од компанијата, во неколку јасно дефинирани чекори, ни ја објаснуваат целата процедура:

Чекор 1

Вашиот прв чекор во процесот на купување на имот во Elena Luka Home е процесот на регистрација на Вашиот интерес. Потребно е да ни ги пратите Вашите податоци по пат на формулар на нашиот веб сајт (www.elenalukahome.com ), да го исконтактирате нашиот продажен тим +389 2 3103 816; +389 71 346 194 или да не посетите во нашите простории во Скопје на адреса М.Т. Гологанов бр. 130

Чекор 2

Состанок со продажен советник

По Вашата регистрација, нашиот продажен советник брзо ќе стапи во контакт со Вас и ќе ви ја претстави понудата на Elena Luka Home становите.

Чекор 3

Резервација на стан

Откако со продажниот советник ќе одберете стан кој Ви одговара следува резервација на истиот.

Повеќе информации следуваат >>> ТУКА.

Објавено:
8 мај 2018
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
418 пати