Како дрвените скали да ги вметнете во ентериерното уредување

3 октомври 2016

Доколку ги следите новите трендови во декорирањето на ентериерите, сигурно сте забележале дека дрвените скали имаат клучно место во модерното уредување оваа сезона.

И тоа нивната функција е повеќенаменска: од полица за книги како ултра модерна библиотека до елемент за складирање на обувки и асесоари во спалната соба.

При тоа варијантите за нивното имплементирање во вашиот дом се бесконечни. Може да комбинирате два пара скали доколку тоа го овозможува просторот во кој живеете, па дури и така да ги прикачите на ѕид, а доколку пак се работи за помала квадратура, тогаш едната половина од скалите едноставно може само да ја потпрете на ѕид и да ја намените како интересен елемент на кој ќе поставите украси.

Исто така дрвените скали лесно може да ги префарбате во боја која ќе одговара со остатокот од мебелот во ентериерот или да ја украсите со сијалички што особено ќе придонесе за романтичен амбиент во вашиот дом.

Објавено:
3 октомври 2016
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
480 пати