Како изгледа куќата од спотот за „Starboy“ на The Weeknd

6 април 2017

Видеото за големиот поп хит на музичката ѕвезда The Weeknd заедно со Daft Punk, „Starboy", е снимен во модернистичка, луксузна резиденција на Беверли Хилс, чија актуелна цена на пазарот на недвижнини е 6,3 милиони долари.

Се работи за идеално уредена вила во минималистички стил, со „океански" распоред на ентериерот, огромни прозори што обезбедуваат совршена дневна светлина и комбинација на дрво, стакло и камен – материјали што многу често се користат во модерното домување.

Лоцирана е во еколошка средина, опкружена со бујна вегетација, а исто така има и простран панорамски поглед.

Извор: Харперс Базар

Објавено:
6 април 2017
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
319 пати